Вести Македонија Топ вести

Мојсоски со контра-обвинување – Антикорупциска е тенденциозна наодите се невистинити

Агенцијата за млади и спорт (АМС) работи според законите и прописите, а наводите на Антикорупциската комисија се неосновани и неточни и имаат лукративна позадина. Ова е одговорот на директорот на АМС, Наумче Мојсоски на барањето на Антикорупциска за кривична одговорност поради финансиски малверзации и злоупотреби при доделувањето на спортски ваучери.

Од АМС информираат дека Совет за спорт, а не Комисијата која што беше посочена од Антикорупционерите ги доделува ваучерите на федерациите и спортистите.

„Членовите на Централната комисија се на предлог на Владата, но тие не се оние кои ги „доделуваат” ваучерите за даночно ослободување, туку се административна комисија која врши само административно-техничка обработка и евалуација на пристигнатите апликации и предлог-листата ја доставува до Советот за спорт. Советот за спорт во рок од 5 дена од приемот на предлог- листата на спортски субјекти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средства од даночното ослободување, на седница ја утврдува и усвојува предлог ранг листата“, велат од АМС.

Мојсоски смета дека не е коинциденција што Антикорупциска во петокот побара кривична одговорност, како и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој се обрати до Владата и побара разрешувања во Агенцијата.

Антикорупциска која три години работела на предметот за доделување на ваучери за спортските федерации и спортисти утврди дека системот има многу пропусти, нема отчет и контрола на доделените пари, а нејасно е и по кој систем се доделуваат пари и кој треба да провери како се трошат. Годишно АМС доделува една милијарда денари или 16 милиони евра на федерациите и спортистите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе