Вести Македонија Најважни

Затвореник од висок ризик, на пат до Клинички им избега на решетките кои 21 година треба да го делат од слободата

За полицајците коишто го спроведувале само една рутинска процедура на спровод до болница. За затвореникот – шанса, со добар план да излезе од зад решетки кои треба да го делат од слободата, уште цели 17 години.

36 годишниот Беким Мемети избега од правдата, пред очите на четворица полицајци од затворската полиција.

„Издадена е наредба за распишување на централна потерница. Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки, со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница“ велат од Министерството за правда.

Осудениот Мемети во затворот се пожалил на болки во десната рака, за потоа со комбе да го носат на лекарски третман, на Клинички во Скопје. Нецели пет минути затвореникот бил на пат од Идризово и во комбето со полицајците, пред да го реализира планот.

Сиво „АУДИ“ без регистарски ознаки се испречило на патот пред комбето на затворската полиција, на оваа делница пред бензинската пупма. Во тој момент, осудениот Мемети го одзел пиштолот на еден од службениците кој го возел комбето, го стрелал во долниот дел на стомакот, а потоа влегол во возилото коешто го чекало и заминал во непознат правец.

Многу прашања останаа неодговорени и нејасни, а одговорите не ги добивме ниту од директорите на Управата за извршување на санкции и на затворот Идризово – иако Телма се обиде да контактира со нив.

Затвореникот бил во Идризово две години, а осуден е за две кривични дела. Затворската казна треба да му истече дури во 2040 година.

„Според информации на Телма, затвореникот ја отслужувал затворската казна од 2020 година. Осуден е на 21 година затвор и тоа – 19 години за извршено убиство во 2016 година, во тетовска Мала Речица, а 2 години за пуштање во промет на психотропни супстанци.“

Рачистување на бегството побараа од Обвинителството и издадоа наредби за трагање по бегалецот. Истиот, иако веќе осуден за две кривични дела, сега се товари и за трето.

„По осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – обид за убиство на службено лице. Повредениот припадник на затворската полиција е задржан на лекување, додека останатите тројца кои го спроведувале осуденото лице и нивниот сменски командир се задржани во полициска станица“ соопштија од Основното јавно обвинителство.

Ќе се прегледуваат и затворските камери, а ќе се проверуваат и мобилните телефони на службените лица. Дел од нив и вчера биле на информативен разговор во станица, во обид да се расчисти со тоа дали има основ за сомнеж, за кривично дело  – противзаконито ослободување на лице лишено од слобода.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Затвор и камшикување за корисниците, Иран го забранува Старлинк

Дејан Дејан

Можни високи казни по Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

16 хорски состави се претставија на овогодинешниот 34-ти по ред фестивал Тетовски хорски одѕиви

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе