Ракомет Спорт

Вратите на арената Борис Трајковски се отвораат во 17:30 часот

Во пресрет на денешниот хуманитарен натпревар што ќе се одигра во салата Борис Трајковски, Ракометната федерација на Македонија објави неколку информации кои се значајни за сите оние среќници кои успеаа да обезбедат билет за да го следат од трибините на нашата најголема спортска арена.

Сите билети за настанот „Сите ѕвезди за СОС Детско село“ се распродадени. За целите на успешна реализација на настанот, љубезно ве информираме за следново:

  • Вратите за влез во арената „Борис Трајковски“, се отвораат во 17:30 часот, а се затвараат во 18:50 часот.
  • Програмата ќе започне во 19:00 часот.

Ви благодариме за хуманоста и ви посакуваме да уживате во вечерашниот настан!

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе