Претседателот на Србија, Александар Вучиќ издаде наредба за сите единици на српската Армија и полиција да бидат во состојба на најголема борбена готовност.
„Претседателот на Србија, како врховен командант, нареди Војската на Србија од синоќа да биде на највисок степен на борбена готовност, до ниво за употреба на оружена сила“, изјави министерот за одбрана, Милош Вучевиќ.
И министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ рече дека „по наредба на претседателот“ наложил подигнување на целосно борбена готовност за сите единици на српското МВР.
Вучиќ во текот на вчерашниот ден изјави дека се преземаат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово.
