Вести Најважни Свет

Путин: Русија е подготвена да преговара за Украина

Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Подготвени сме да преговараме со сите учесници во овој процес за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив –  ние не одбиваме да преговараме, туку тие. Мислам дека дејствуваме во вистинската насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани, рече Путин во интервју за руската државна телевизија.

Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.

Во сржта на сето тоа е политиката на нашите геополитички противници, кои имаат за цел да ја распарчат Русија, историската Русија“, рече Путин. „Тие отсекогаш се обидувале да „поделуваат и освојуваат“… Нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Магнитуда од 7,3 степени на длабочина од 10 километри – силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе