Вести Најважни Свет

Донесе мир, но и пречки во функционирањето на БиХ како држава: На денешен ден во 1995 година се потпиша Дејтонскиот мировен договор

На денешен ден (14 декември во 1995 година) во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор со кој и официјално беше ставен крај на, речиси, четиригодишната војна во БиХ која, пак, беше организирана како држава на три конститутивни народи и останатите.

Главни актери во мировните преговори беа поранешните претседатели на БиХ, на Хрватска и на Србија – Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ кои на крајот и го потпишаа документот во Елисејската палата во Париз.

Договорот се состои од 11 анекси меѓу кои и Анекс 4 – Уставот на БиХ. Со нив е потврдена независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ како држава. Со документот беше одредено дека БиХ се состои од два ентитета – Федерација Босна и Херцеговина и Република Српска и дека ја сочинуваат три конститутивни народи – Бошњаците, Хрватите и Србите заедно со останатите. Пропишани се и надлежностите на БиХ и ентитетите, како и односите меѓу институциите во БиХ, но и начинот за менување на Уставот.

Според договорот, на Федерацијата БиХ ѝ припадна 51 отсто од територијата, а останатите 49 отсто на Република Српска. Притоа беше формиран и Дистрикт Брчко како посебна територијална единица.

Освен што донесе мир во БиХ пред 27 години, уставното уредување според Дејтонскиот мировен договор стана еден од основните проблеми во функционирањето на модерна БиХ, но и пречка на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции. Во изминатите години не е постигнат консензус за ниту еден предлог за уставни промени, а политичкиот јаз меѓу претставниците на трите конститутивни народи се одрази во сите сфери од животот на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Дејан Дејан

TЕЦ Осломеј не работи

Дејан Дејан

Приведен осомничениот бизнисмен Ристо Крмзов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе