Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Патот до ЕУ бара многу реформи, опозицијата мора да биде вклучена во тие реформски закони

Двотретинското мнозинство за промена на Уставот и продолжување на европскиот пат на државата не е потребен за Владата и за Парламентот исклучиво. Тоа не е процес на една политичка партија, туку тоа е процес за сите политички партии застапени во Парламентот, што треба да обезбедат европска иднина на државата.

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали доколку власта не обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени, ќе се согласи за предвремени избори, по вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

-Влада се бира со 61 пратеник, а двотретинско мнозинство се обезбедува со 80 пратеници. Одговорност на сите политички партии во државата е да го исполнат она што од 1991 година го има зададено нашата претходна генерација, практично независна македонска држава, членка на НАТО и на ЕУ, рече Ковачевски.

Тој истакна дека во Парламентот ќе бидат носени и други одлуки не само оваа, бидејќи, како што рече, патот до ЕУ ќе бара од нас многу реформи.

-Затоа кажав дека и опозицијата мора да биде вклучена во работата на тие реформски закони. И повторувам уште еднаш дека најдобро место за тоа е Нациналниот комитет за европски интеграции што е воден од опозицијата и во којшто треба да се разговара, кажа Ковачевски.

Премиерот порача дека сите политички партии, односно пратениците во Собранието ги застапуваат граѓаните, а граѓаните се тие коишто очекуваат да живеат во држава полноправна членка на ЕУ.

-Една од одлуките коишто треба да ги донесеме да тоа полноправно членство во ЕУ е и таа промена на преамбулата во Уставот, заклучи премиерот Ковачевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе