Вести Македонија Најважни

„Слобода превоз“ и денеска со рестрикции во линиите на кои сообраќаат

Откако вчера не успеаа да се договорат со Град Скопје двата приватни превозниоци, Слобода превоз и Макекспрес, денеска ќе договараат какви чекори ќе бидат преземени наредниот период. Дали ќе продолжат со протестот и каква форма ќе добијат нивните активности.

За денеска се знае дека повторно нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 23 и 45. Приватниот превозник „Слобода превоз“ има побарувања од околу 1 милион евра поради што доцнат платите на сопствениците на автобуси.

Претходно беа исклучени од сообраќај пет други линии на кои сообраќаа автобусите на Макекспрес откако не успеаа да си го наплатат тримесечниот долг, а во обидот да изнајдат решение за проблемот им беше раскинат договорот со објаснување дека не се придржувале до договореното, не се грижеле за хигиената на автобусите како и дека изминатите години воопшто не било инвестирано во нови возиле, а приватниот превозник продолжил да вози со старите дотраени автобуси. Градоначалничката Арсовска ги посоветува доколку се одлучат да протестираат нивните возила да ги паркираат пред седиштата на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ бидејќи како што посочи тие се виновни за настанатиот долг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе