Вести Најважни Свет

Америка го убеди Курти да го одложи казнувањето за регистарските таблички за 48 часа

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека го прифаќа барањето на амбасадорот на САД, Џефри Ховениер за одлагање за 48 часа на почетокот на казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

Во објава на неговата страница на Твитер, Курти доцна синоќа му се заблагодари на Ховениер „за неговата посветеност и залагањето“ во изнаоѓањето решение за споровите со Србија.

„Јас го прифаќам неговото барање за 48-часовно одлагање на почетокот на изрекување казни за нелегалните таблички со ознаките „КМ“ (Косовска Митровица) и други (издадени од Србија). Задоволство ми е да работам со САД и ЕУ за изнаоѓање решение во текот на наредните два дена“, напиша Курти.

Ховениер синоќа изрази загриженост поради неуспехот на вчерашните преговори во Брисел меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ и побара одлагање на спроведувањето на одлуката за 48 часа, со цел, како што порача, „да им овозможат на ЕУ и САД да продолжат да ги поттикнуваат страните да изнајдат решение“.

Претходно синоќа, по неуспехот на преговорите со посредство на ЕУ за решение за спорот околу табличките, официјална Приштина најави дека ќе почне да ги казнува лицата кои ќе се затекнат на косовските патишта со возила со таблички издадени од Србија.

Преговорите во Брисел со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел траеа долги осум часа. Борел го обвини Курти дека одбил секаков компрпмис и потенцијално решение. Борел предупреди дека е можна ескалација на терен во наредните денови, но за тоа ќе биде виновен Албин Курти.

  • Двете страни не се договорија за решение денеска.  Мислам дека има важна одговорност за неуспехот на денешните разговори и за секоја ескалација или насилство кои може да се случат на теренот во наредните денови. Во интерес на транспарентноста, морам да кажам дека ние понудивме предлог кој можеше да ја избегне оваа ризична ситуација, кој денеска беше прифатен од Претседателот Вучиќ, но за жал не и од Премиерот Курти.

Српскиот претседател Вучиќ, потврди дека сега следуваат тешки денови и бессони ноќи.

Ескалацијата мора да се избегне, а КФОР останува буден, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по неуспехот на преговорите меѓу Белград и Приштина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе