Вести Македонија Најважни

На постојка не ги очекувајте приватните автобуси со број 9, 12, 23 и 45

„Слобода превоз“ почнува со штрајк и на дел од линиите со кои тие оперираат, односно на линиите со број 9, 12, 23 и 45 нема да сообраќаат.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон ова приватно претпријатие.

Откако не падна договор, превозниците најавија дека преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски за Телма изјави дека во моментов тие се на преговори во Град Скопје, каде ќе се обидат да најдат решение за проблемот.

Претходно преку протест своите ненаплатени средства ги побара и приватниот превозник „Макекспрес“ но Градот Скопје го раскина договорот со нив поради како што рекоа непочитување на договорот, лошата хигиена и застарениот возен парк.

ЈСП тогаш најави дека овии линии ќе ги покрие јавното претпријатие. Пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплатени плати.

Од Град Скопје утринава во соопштение велат дека автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.

„Приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници“, стои во соопштението испратено до медиумите од Град Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе