Еквадор го совлада Катар со 2:0 (полувреме 2:0) во премиерниот натпревар на Светското фудбалско првенство.
Јужноамериканската селекција го „реши“ домаќинот на Мундијалот со два гола уште во првото полувреме на Енер Валенсија. Напаѓачот на Фенербахче најпрво погоди од пенал во 16-та минута, а потоа и од игра во 31-та минута по асистенцијата на Пресиадо.
Еквадор во второто коло во групата А, на 25 ноември, ќе игра против Холандија, додека Катарците за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Сенегал.
Утрешниот мундијалски ден носи три натпревари. Во терминот од 14 часот ќе играат Англија и Иран, од 17 часот е мечот меѓу Сенегал и Холандија и од 20 часот ќе играат САД и Велс.
