Вести Македонија Најважни

ДУИ и СДСМ во разговори со Алијанса

ДУИ се подготвува да се откаже од министерствата за животна средина и за образование. Едното ќе ѝ го отстапи на Алијанса, а другото ќе го менува за ресорот правда. Ова е една од шпекулациите по синоќешниот состанок на претседателството што заврши два часа по полноќ. Лидерот Али Ахмети потврди дека тој и Ковачевски водат разговори, но рано е да се каже дека Алијанса влегува во Владата.

„Беше отворена оваа тема. Средбите со нивни претставници ги остварив јас, а Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има. `Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние како Албанци имаме потреба од поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на остварување на мисијата“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

И портпаролот Бујар Османи потврди дека се разговара за проширување на Владата, бидејќи земјата се соочува со четири вонредни предизвици. Тоа се, пред сè, уставните измени, скринингот кој бара иннклузивност на партиите заради остварување на целта – Македонија членка на Унијата до 2030-та, но и подобро справување со економската и со енергетската криза.

На вчерашниот состанок во партиското седиште, таканаречените „огнени“ отвориле анализа и за работата на министрите, но не станало збор за фракционерство.

Деновиве, имаше говоркања дека „огнените“ предводени од Изет Меџити ќе направат фракција во ДУИ доколку Алијанса влезе во Владата. Истовремено, лидерите Ковачевски и Таравари `се уште се држат до изјавите дека разговараат за европските перспективи на земјата а не и за приклучување на оваа опозициска партија кон владеачката коалиција.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

На кејот на Вардар поставен кондом висок над два метри со цел подигање на свеста за заштита на личните податоци

Tea Dimkovska

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе