Вести Македонија Најважни

Алијанса се подготвува за влез во Владата

Неофицијално, во наредните денови Димитар Ковачевски и Арбен Таравари ќе имаат уште една средба. Тогаш веројатно ќе се отвори темата за проширување на Владата, што, и покрај бројните шпекулации, не била разговарана вчера, како што тврдат обајцата. И денеска, премиерот објаснува дека се разговарало за европската иднина на земјата и 130-те блокирани закони во Собранието.

И Алијанса тврди дека `се уште не добила покана за влез во Владата. Ги нарекува шпекулации информациите дека тројцата главни коалициски партнери: СДСМ, ДУИ и Алтернатива ќе `и отстапат по едно министерско место. Наводно, се разговара за ресорите здравство, правда, образование, земјоделство и животна средина. Алијанса веќе го подготвува својот список на услови, меѓу кои – да нема парламентарни избори пред 2024-та и да има автономија во одлучувањето.

Наредниве денови, Ковачевски ги продолжува поединечните разговори со партиите, што ги нарекува „продолжение на лидерската средба“. Негов нареден соговорник е Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, а темата е иста и поврзана со европската агенда. За сите меѓулидерски разговори, на дневна основа ги информирал ДУИ, ЛДП, НСДП и сите коалициски партнери.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе