Вести Македонија Најважни

Таравари на средба со Ковачевски – по понудата ќе се одлучува дали ќе станат дел од владејачкото мнозинство

В.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари добил покана од премиерот Димитар Ковачевски за средба денеска во Владата во 12 часот.

Неофицијално, премиерот на маса ќе изнесе предлог – понуда до опозициската партија за влез во Владата.

Од Алијанса за Албанците, за Коха неофицијално велат дека досега не е разговарано за конкретни позиции и дека се во очекување да видат за што се работи и какви планови има премиерот Ковачевски.

Од партијата не откриваат каков ќе биде ставот на Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај валандовско Грчиште е под контрола

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе