Македонската женска ракометна репрезентација на Европското првенство го забележаа и третиот пораз, но вечерва во А1 арената Борис Трајковски избраничките на селекторот Љубомир Савевски го одиграа најдобриот натпревар и беа рамноправен противник во дуелот против фаворитот Романија која беше предводена од една од најдобрите ракометарки на светот Кристина Неагу.
Вечерашниот меч потврди дека оваа генерација може повторно македонскиот женскиот ракомет повторно да го врати на големата сцена.
ФОТО: Игор Паневски