Нашиот следен противник на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција, селекцијата на Романија забележа два порази.
Избраничките на селекторот Флорентин Пера од трибините на А1 арената Борис Трајковски имаат одлична поддршка, но се уште не ја почувствувале сласта на победата.
Околу 150 навивачи од Романија допатуваа во македонската престолнина да ги следнат настапите на националниот тим и буквално во текот на целиот натпревар ги бодрат ракометарките.
Сигурно дека така ќе биде и утре во дуелот со Македонија и покана до сите љубители на ракометот да дојдат во арената да уживаат во натпреварот, но и во прекрасната атмосфера што ќе направат нашите и романските навивачи.
ФОТО: Игор Паневски