Македонија Топ вести

Владата одби со закон да се забрани функционери да се занимаваат со енергетски бизнис

Премиер, вицепремиер и министри, пет години по престанување на функцијата, како и нивните брачни другари и роднини по прва линија, да не смеат да бидат основачи или дел од раководни структури на компании поврзани со енергетска дејност или да бараат лиценци за оваа дејност. Со овој амандман, кој требаше да се однесува и за претседател и член на орган на управување и надзор во претпријатија основани од државата, од областа на енергетиката, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да издејствуваат, злоупотребите на функционерите во енергетскиот сектор, да се ограничат со закон.

Министерот за економија го одби амандманот со образложение дека ова прашање е веќе регулирано.

Пратеникот Милошоски предложи и амандман со кој побара, во законот да се стави дека на одредени категории им е загарантирана помош во услови на енергетска криза или вонредна состојба, но и овој амандман беше одбиен.

Пратениците од оваа комисија пред себе имаат закон на кој се предложени измени, дополнувања и усогласувања во 97, од 232 члена.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Регионот Атика е погоден од најлошата епидемија на Западнонилска треска досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе