Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Опозициските СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче после четири месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз. ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората. Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДС, Левица и ДУИ“, стои во соопштението на владеачката партија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владината реконструкција е театар на Мицкоски, нема напред со стара влада во нова амбалажа

Sasko Dimovski

(Видео) Вози скутер на вода, се спушта низ тобоган, се шета на плажа – Маѓар со порака по продолжен викенд во Турција: Се платив сам

Sasko Dimovski

Камионет со свадбари удрен од два камиона во Индонезија – загинаа 13 луѓе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе