Вести Свет Топ вести

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Главна осомничена за бомбашкиот напад во кој беше ранет украински тајкун во понеделникoт во Монако е Украинка која се преправила во маж, велат локалните власти.

Таа е во триесеттите години,  има тетоважа, веројатно од змија, што се протега по десната рака од рамото до лактот. 

Интерпол објави црвена потерница за Анастасија Березовска, за која се претпоставува дека по нападот користела автомобил со германски регистарски таблички, кој поминал низ Италија и  други земји. Истрагата покажа дека за активирање на бомбата бил користен далечински управувач, а поради сложеноста на направата, полицијата истражува можни соучесници и лица кои можеби го нарачале нападот.. 

Во нападот најтешко беше повредена жена која беше во животно загрозувачка состојба, додека украинскиот тајкун и дете, не беа тешко повредени. 

Бомбата експлодираше пред четири дена на влезот на една од најлуксузните станбени згради во Монако, а цел на нападот беше  Вадим Јермолаев, за кого украинските медиуми тврдат дека  претходно бил цел на санкции поради неговите врски со Русија. 

По нападот медиумите првично претпоставија дека е маж што бега – облечен во црн џемпер, светли панталони, а косата очигледно била собрана под црна шапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка

Tea Dimkovska

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во јуни отстранети 6.165 кубни метри отпад од диви депонии

Tea Dimkovska

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе