Американската војска соопшти дека извршила нови напади врз цели во јужен Иран, и покрај актуелното примирје меѓу Вашингтон и Техеран.
Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Aкцијата била спроведена во „самоодбрана“ со цел заштита на американските сили и сојузници во регионот.
Во текот на ноќта неколку експлозии одекнале во јужниот ирански град Бандар Абас, по што бил активиран системот за противвоздушна одбрана. Иранските медиуми јавуваат дека експлозиите се слушнале во близина на аеродромот и воени објекти во градот, кој се смета за една од најважните стратешки точки на Иран поради неговата позиција покрај Ормутскиот Теснец.
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека противвоздушната одбрана реагирала на „непријателски цели“,слични експлозии биле регистрирани и во близина на градовите Сирик и Јаск.
