Вести Македонија Топ вести

Здружението кое го организираше протестот во Куманово за Вучиќ добило пари од српското министерство за надворешни работи

Протестите кои се одржаа во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, а беа организирани од Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“ кои е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави српскиот порталот Нова Еконимија.

Според документот кој е објавен на српскиот портал може да се види дека здружението „Мир, слога и стабилност“, кое е основано на 30 јуни 2022, се наоѓа на списокот на приматели на финансиски средства од МНР на Србија. Според јавно достапните податоци, на ова здружение во април годинава му биле доделени пари на конкурс на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање проекти наменети за организации на Србите од регионот. Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот му доделила 400.000 динари (околу 3.400 евра) на здружението „Мир, слога, стабилност“ за проектот со наслов „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“.

Извор на српскиот портал „Нова Економија“

Според податоците на Бизнис мрежата, ова здружение во последните две години остварило приход од 129 илјади евра. Односно во 2025 година остварило приход од  4.828.725 денари (околу 78,5 илјади евра), што е за 52,80 проценти повеќе во споредба со 2024 година кога оствариле 3.160.149 денари (околу 51.400 евра), а бројот на вработени останал непроменет и во двете години изнесува нула.

Протестот во Куманово за поддршка на српскиот претседател се одржа во исто време со протест во Белград, каде се собраа деситици илјади луѓе барајќи предвремени избори. Фактот што здружението добивало средства од српското МНР, а сега организирало протест за поддршка на Вучиќ, отвора дилеми дали државни средства од Србија индиректно се користат за политичка мобилизација во Македонија.

Според член 2(7) од Повелбата на Обединетите нации и принципите за немешање во внатрешните работи на суверените држави, државите не смеат да користат институционална или финансиска поддршка за организирање или поттикнување политичка мобилизација во друга држава, бидејќи тоа се смета за мешање во нејзините внатрешни политички процеси.

Теа Димковска

Собир за поддршка на Вучиќ во Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе