Вести Македонија Топ вести

Ќерка го пријави таткото за физичко и психичко насилство, малолетниот брат исто бил жртва

19 годишна девојка пријави во полицијата во Неготино дека татко и, физички ја нападнал и и ѝ се заканувал.

Според пријавата, таа и нејзиниот малолетен брат  подолг период трпеле физичко и психичко наислство од таткото.

„На 23.5.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода В.Л.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Според пријавеното, таа и нејзиниот малолетен брат секојдневно трпеле физичко и психичко насилство од него“, соопшти полицијата.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител, Центарот за социјални работи Неготино и издадено му е Решение од Основен суд Неготино со изречени мерки за отстранување од домот. Тој доби и забрана за приближување до домот на жртвата во времетраење од 15 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе