Полицијата приведе беровчанец кај кого пронашла кокаин, а во возилото имал полициска униформа, оружје и муниција во багажникот. Тој е задржан во полициска станица.

Тој бил уапсен во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во близина на угостителски објект во Струмица. Кај него прво е пронајдена бела прашкаста материја, за која тој самиот потврдил дека е кокаин.

Потоа, при претрес на багажникот на возилото пронајдени се оружје, муниција и други делови од полициска опрема, кои неовластено ги поседувал.
За случајот МВР го известил и јавен обвинител обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
