Вести Свет

Воздушен напад на ИДФ врз полициски пункт во Газа, убиени најмалку петмина полицајци

Најмалку петмина полицајци загинаа, а повеќе се ранети, во израелски воздушен напад врз палестински полициски пункт извршен денеска во северниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската полиција.

Во соопштението се наведува дека две израелски ракети го погодиле полицискиот пункт во областа Тавам.

Полициската управа на Газа е задолжена за безбедноста во областите на Појасот Газа кои по воспоставувањето на примирјето во октомври се под контрола на палестинската милитантна група Хамас.

Околу 10.000 полицајци на Хамас претставуваат спорна точка во разговорите за унапредување на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, бидејќи Хамас бара да биде вклучен во новите полициски сили предвидени со мировниот план. Меѓутоа, Израел се противи на учеството на кој било поединец поврзан со Хамас во палестинската полиција.

Мировните разговори се во застој и поради одбивањето на Хамас да го предаде оружјето, како и поради речиси секојдневните израелски напади врз окупираната палестинска енклава, во кои од воспоставувањето на примирјето, според евиденцијата на палестинските здравствени функционери, се убиени повеќе од 880 Палестинци.

Израелската војска засега не го коментира нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Where are you“ za итни ситуации и „Silent Call“ за жртви на семејно насилство, најави првиот човек на ЦУК

Sasko Dimovski

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе