Соединетите држави и Иран постигнале конкретен напредок во преговорите за завршување на војната, посочуваат извори и од двете страни. Дипломати вклучени во процесот од страна на посредникот Пакистан за западните медиуми потврдија дека станува збор за нацрт рамковен договор кој ќе ги постави контурите на конечниот договор.
Овие наводи доаѓаат по информациите кои пристигнуваа изминативе денови од сите страни вклучени во преговарачкиот процес дека има одредено приближување на позициите.
Можам да кажам дека изминативе денови постои тренд на намалување на разликите, но сѐ уште има прашања за кои мора да се дискутира преку посредниците, рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Оптимизам дека набрзо може да пристигнат позитивни вести изрази и американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во официјална посета на Индија.
Постои шанса, дали подоцна денеска, утре, за неколку денови, дека ќе имаме нешто да соопштиме. Но, ова прашање мора да биде решено, изјави Рубио.
