Вести Македонија Топ вести

Секој десетти вработен во здравство ја тужи установата за исплата на надоместоци

Над 1.800 вработени во јавното здравство преку тужби се обидуваат да издејствуваат исплата на надоместоци, а според Фондот за здравство (ФЗО) станува збор за сума од над два милиони евра. Дел од здравствените установи имаат одлична реализација на Буџетот и фактурирани услуги, а дел  не успеале да стигнат ниту до половина, покажува анализата на Фондот.

Директорот на Фондот, Клековски, вели дека бројот на тужби е сигурно поголем и побара директорите на установите да се придржуваат до законот, но според него проблемот лежи и во нејасните зони од колективниот договор кои ги користат адвокатите и вештаците.

Бројот на вработени се зголемува, по пет години пад, исплатени се 1,5 милијарди денари за плати во 2025 година, а 25 отсто од овие средства биле додатоци. Според податоците на Фондот, токму во установите и клиниките каде што има најголеми додатоци на плати, има најмала реализација на Буџетот, односно најмал број на дадени услуги за граѓаните.

Клековски истакна дека анализата покажала недостиг на стручен кадар, иако има зголемување на бројот на вработени во здравството.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе