Вести Македонија Топ вести

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти – извештај за работата на РКЕ за 2025 година

Zagubi na voda, puknata cevka, vodovod

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците од годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 метри кубни. Домаќинствата од Југозападниот Регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 кубни метри, а во Вардарскиот Регион е најголема со 15,10 кубни метри.

Регулаторна информира дека фактурираната количина вода во 2025 година изнесува 36,95 проценти и практично е на исто ниво како и претходната година (36,79 проценти).

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападниот Регион од 73 проценти, а најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен Регион – 47,88 проценти.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година, при што најголема покриеност има во Источниот Регион со 92,58 проценти, а најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3 проценти е регистриран во Југоисточниот Регион и изнесува 87,50 проценти. Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното присоединување кон големата градска мрежа.

„РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и девет конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откога советот не го прифатил предложениот опсег на цени“, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе