Вести Свет Топ вести

Зеленски тврди дека украинските напади со дронови нанесуваат штети на руската воена економија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека засилените украински напади со дронови со долг дострел предизвикуваат се поголема штета врз руската економија и енергетскиот сектор.

Во редовното вечерно видеообраќање тој рече дека Украина „ја враќа руската агресија дома – на единственото место од каде што и потекнала“, нагласувајќи дека интензивирани се операциите на украинската армија со дронови длабоко на руска територија.

Зеленски истакна дека нападите, особено врз нафтената инфраструктура, даваат конкретни резултати, при што наведе дека според украинските разузнавачки податоци рафинирањето нафта во Русија последните месеци било намалено за околу десет проценти.

Тој додаде дека руските нафтени компании се почесто се принудени да затвораат некои од наоѓалиштата, оценувајќи дека економскиот притисок врз Русија расте.

Во меѓувреме, украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“ соопшти дека руските сили извршиле напади врз енергетска инфраструктура во Днепропетровска област, при што се оштетени објекти, а обемот на штетата се уште се проценува.

Володимир Зеленски оцени дека финансискиот притисок врз Русија, делумно предизвикан од украинските напади, постепено ќе ја принуди Москва на окончување на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе