Вести Свет Топ вести

Убил осум лица, имал проблеми со ментално здравје, се лекувал во психијатриска болница – пукање на автобуска станица во Египет

Вооружен напаѓач убил осум лица при пукање на автобуска станица во Египет, пред да биде застрелан од полицијата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во инцидентот во Абнуб, на околу 300 километри јужно од Каиро, во провинцијата Асиут, се повредени пет лица, пренесе агенција ДПА.

Министерството соопшти дека сторителот синоќа отворил оган неселективно кон минувачите на една автобуска станица. Безбедносните сили потоа го пронашле на земјоделско земјиште. Мажот бил убиен во престрелка со полицијата.

Според првичните истраги, сторителот веќе подолго време имал проблеми со менталното здравје и се лекувал во психијатриска болница во Каиро, соопшти министерството.

Јавното обвинителство отвори истрага за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за нестабилност – Временска прогноза за 9.7.2026

meteo

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денес во посета на Скопје

Tea Dimkovska

Рим презема мерки за заштита од топлотните бранови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе