Вести Македонија Најважни

Активно се работи на решение усогласено со Уставот и Законот за јазици – Мицкоски на средба со Меџити и Касами за правосудниот испит на албански јазик

Институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, соопштија од Владата по денешната средба на премиерот  Христијан Мицкоски со копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Средбата се одржа само неколку часа пред најавениот протест на студeнтите Албанци со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Поддршка за студентите, како што е најавено имало од политичките партии од албанскиот блок, како и од функционери од Албанија и Косово.

Други детали од средбата во Владата не се соопштуваат освен дека „решението ќе се бара преку заеднички, мудар и достоинствен пристап“.

Од коалицијата Влен соопштија дека го поддржуваат барањето на студентите, но ја обвинија ДУИ дека се обидува политички да го искористи протестот.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата работи на законско решение за полагање на правосудниот испит на албански јазик и апелираше студентите да бидат трпеливи и да не дозволат политичка инструментализација на протестите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе