Напад со дрон предизвика пожар во близина на нуклеарната централа Бапаках во Обединетите Арапски Емирати. Според властите, пожарот избувнал на периферијата на комплексот, а нема информации за повредени или за радиолошко истекување.
Властите на ОАЕ соопштија дека дел од дроновите биле пресретнати од противвоздушната одбрана, додека еден погодил објект во близина на централата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а ОАЕ не посочи конкретен виновник.
Инцидентот се случува во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и кревок прекин на огнот меѓу Иран, Израел и САД.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и нагласи дека нападите во близина на нуклеарни објекти претставуваат сериозен ризик.
