Вести Македонија Топ вести

Клековски: Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Фондот за здравство работи на изнаоѓање на решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика меѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во процентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

„Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се следат соодветно. Дел од проблемите што настануваат се, посебно од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и на породилен надомест. Разликата е во тоа што за едните надоместот е 70, а за другите е 100 проценти. А за тоа мора да се поднесе ново барање. Само овој месец имавме 10-тина случаи на жалби и констатиравме дека е побаран надомест за патолошка бременост, а не е испратен документ дека родилката е на породилно отсуство. Работиме на тоа, ние постојано се извинуваме за непријатностите, меѓутоа се трудиме да најдеме техничко решение за да го олесниме процесот и на пријавување и на исплата“, објаснува Клековски.

Toj признава дека системот за исплата на породилните боледувања е таков каков што е. Посебно има проблеми со почетните и со завршните месеци, бидејќи и првиот и последниот месец поминуваат низ процес на верификација во подрачните служби на Фондот и таа верификација сѐ уште е рачна.

„Во основа, подрачните служби ги верификуваат породилните отсуства, ги испраќаат во дирекцијата во Скопје каде што се исплаќаат боледувањата. Ние, како што пристигнуваат породилните и другите долги боледувања, така ги исплаќаме. Само минатиот месец имаме исплатено 511 милиони денари за боледувања. Минатата година исплативме 72 милиони евра за породилни боледувања. Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од други исплати, овие се фреквентно, променливи исплати и некогаш процесите не се следат соодветно“, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување кој денеска присуствуваше на промовирањето на новата опрема во прилепската болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе