Осумина инспектори во Државниот инспекторат за труд се осомничени прврзани со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денеска полицијата од Кочани поднесе кривични пријави до обвинителството за несовесно работење во службата. Пријавите се против шестмина инспектори од Кочани и по еден од Скопје и Македонски брод.
Полицијата ги сомничи дека не покренале ниту воделе постапка за инспекциски надзор, не го спречиле незаконското работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица на опасност поради непроверени услови од аспект на безбедноста и здравјето при работа. Според МВР, со тоа овозможиле објектот незаконски да продолжи да работи и да оствари противправна имотна корист од 20 илјади евра.
Кривичната пријава доаѓа после повеќе од 15 месеци откако се случи трегадијата во која загинаа 63 млади луѓе а повеќе од 200 беа повредени. На судскиот процес кој се води во скопскиот кривичен суд за тешки дела против општатат сигурсност против 35 мина обвинети во неколку наврати беа испитувани сведоци кои потврдија дека работеле во дискотеката но не биле вработени. Во него се опфатени инплектори од Дирекцијата за заштита и спасување и од државниот пазарен инспекторат.
Билјана Николовска
