Од денеска почнува да тече рокот за поднесување приговори за резултатите од државната матура и ќе трае до 6 јули во 16 часот. Приговорите се доставуваат до училишните матурски комисии. Од Министерството за образование и наука наведуваат дека за кандидатите кои не приговарале прелиминарните резултати се конечни резултати.
Резултатите од испитите се достапни на веб-страницата на Државниот испитен центар. Годинава државната матура ја полагаа 14.500 ученици и за првпат се спроведува по нов модел.
Во текот на испитите, 60 средношколци биле отстранети од полагањето поради користење мобилни телефони, поради што нивните тестови се поништени и се оценети со единица. Дел од нив ќе имаат можност повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.
