Масимилијано Алегри и официјално е нов тренер на Наполи. Италијанскиот стратег потпиша договор со клубот од Неапол до 30 јуни 2029 година и ќе го наследи Антонио Конте на клупата.
Алегри доаѓа во Наполи по неуспешната сезона на клупата на Милан. „Росонерите“ завршија на петтото место во Серија А и втора сезона по ред останаа без пласман во Лигата на шампионите, по што клубот од Милано реши да направи големи промени.
Педесет и осумгодишниот тренер е еден од најтрофејните италијански стратези. Во кариерата има шест титули во Серија А, како и четири домашни двојни круни, освоени за време на успешните периоди во Јувентус и Милан.
Во Наполи, Алегри ќе има задача да го врати тимот во борба за трофеи, откако Конте си замина и покрај тоа што минатата сезона го одведе тимот до второто место во Серија А, зад шампионот Интер.
