Вести Свет

Радев официјално ја презеде власта во Бугарија

Бугарското Народно собрание, ја избра новата Влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија.

Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно гласаа 230 пратеници.

По гласањето, новите министри положија свечена заклетва.

-Се колнам во името на Република Бугарија дека ќе ги почитувам Уставот и законите на државата и во сите свои дејства ќе се водам од интересите на народот. Се заколнав, изјавија членовите на новата влада по што беа интонирани химните на Бугарија и на Европската Унија.

Во составот на новата Влада, покрај Радев, влегуваат и Иван Демерџиев како министер за внатрешни работи, Димитар Стојанов за одбрана, Велислава Петрова-Чамова за надворешни работи, Николај Надејнов за правда, Иван Василев за иновации и дигитална трансформација, Ива Петрова за енергетика, Георги Пеев за транспорт и врски, Иван Шишков за регионален развој, Росица Карамфилова за животна средина, Пламен Абровски за земјоделство, Наталија Ефремова за труд и социјална политика, Катја Ивкова за здравство, проф. Георги Волчев за образование, Евтим Милошев за култура, Илин Димитров за туризам и Енчо Кирјазов за млади и спорт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе