Вести Македонија

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Како независна сум минала три изборни циклуси и искуството ми покажало дека може да држиме дебати колку сакаме, може да излегуваме на пресови, може да велиме дека некој сака, апсолутно ниту една партија не сака ништо да промени, посебно во изминатите 15 години, истакна Габриела Илиевска, независна иницијатива „Поинаку“ – Битола, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во контекст на изгласување на потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка попладнево во собранието.

Таа даде и свое видување на Работната група.

„Значи се собрала некаква група од луѓе кои се платени од сите нас, од луѓе кои треба да ги бранат интересите на граѓаните, седнале на една маса и единствено нешто за кое разговарале е како да ги земат тие пари од граѓаните кои се во буџетот на државата. Јас, искрена да бидам, само тоа сфатив“, рече Илиевска.

Таа додаде дека никој не треба да зема пари за кампања.

„Затоа што тие пари се на граѓаните“, е нејзиното образложение на таквиот, како што рече, радикален став.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановска: Се докажа дека интересот е вечен и само тој ги спојува партиите, промените на Изборниот законик се сведоа на електронско гласање на дијаспората

Sasko Dimovski

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе