Вести Македонија Топ вести

Милатовиќ во официјална посета на земјата

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.

Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе