Вести Македонија Топ вести

Трансплантацијата дава шанса за „втор живот“ – апели за подигнување на свеста за органодарителство

Велешанецот Илчо Гиевски ја донел најважната одлука во својот живот, донирал дел од својот црн дроб за да ја спаси својата ќеркичка, кога имала само девет месец. Со органодарителството ѝ дал жанса за живот, а пак Ирена Ралева-Најдевска е сопруга на пациент кој седум години живее со вештачко срце и пет години е на листата за трансплантација на срце. Ова се примери на семејства кои живеат во постојана битка за живот, а заеднички сакаат да ја подигнат свеста на граѓаните за органодарителство.

„Гледајќи го своето дете, јас гледам борец, бидејќи таа трансплантација не е само обична медицинска процедура, туку давање на втора шанса за живот“, вели Илчо Гиевски, донор. 

„Една порака до сите, не дај боже да се најдете во ситуација да одлучат да донираат орган од свој починат човек, да не го попречуваат процесот, бидејќи еден донор може да спаси осум човечки животи“, изјави Ирена Ралева Најдевска, сопруга на пациент кој чека трансплантација на срце.

Националната координаторка за трансплантација вели важно е да се работи на подигање на свеста на граѓаните за овој хуман чин, бидејќи трансплантација спасува живот, но и го подобрува квалитетот на живот.

„За бенефитот од процедурата на трансплантација, за која морам да нагласам е една од најстрого законските регулирани процедури, да добиваме што повеќе согласности. Ние ги детектираме потенцијалните донори, го обработуваме, разговараме со семејствата, меѓутоа малку потешко оди со добивање на согласност и токму затоа ние патуваме низ Македонија да ја едуцираме општата популација“, порача Билјана Кузмановска, национална координаторка за трансплантација.

Македонските медицински експерти, меѓу кои и кардиохирургот Жан Митрев и имунологот Мирко Спироски, ја поддржуваат кампањата за подигање на органодарителство.

„Органодарителството е нешто што треба да се поддржи, тоа е култура на живеење. Тоа е сознание дека може да се помогне на различен начин и суптилна тема е која, секако, бара во јавноста посебен третман“, смета кардиохирургот Жан Митрев.

„Во последните години се работи на тоа да се обезбеди трансплантација на ткивата, на органите и клетките без имуносупресија и тоа е една надеж која што е успешно воведена за бубрег“, нагласи имунологот Мирко Спироски.  

Претставниците на верските заедници сметаат дека органодарителството е хуман чин во кој тие препознаваат дело на љубов и надеж. На националната листа за чекање на органи и ткива во моментот чекаат 30 пациенти за трансплантација на срце, 15 на црн дроб и 160 пациенти на бубрег.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе