Вести Свет Топ вести

Ние сме цврсти и спокојни, вие останете сплотени – Мадуро упати порака до сонародниците во Венецуела

Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, во првите пораки на социјалните мрежи по нивното апсење во Каракас, повикаа на мир и национално единство, наведувајќи дека се „цврсти“ и „спокојни“.

„Денес повеќе од кога било повикуваме на континуирани напори за зацврстување на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и обединување на сите. Никој нека не скршне од патот на дијалогот, соживотот и почитувањето“, порачаа Мадуро и Флорес во пораките објавени на Телеграм и на профилите на X на сменетиот претседател.

Пораките се објавени два дена по нивното последно рочиште пред судот во Њујорк, каде што им се суди по обвиненија за шверцување дрога и оружје.

Во пораките наведоа дека се „добро, силни, спокојни и во постојана молитва“ и се заблагодарија на сите за поддршката што ја добиле преку пораки и писма. Мадуро и Флорес се заблагодарија на венецуелскиот народ за „толку многу сила, толку многу храброст и толку многу солидарност“.

Ова е прва објава потпишана од Мадуро и Флорес која е споделена на социјалните мрежи од нивното апсење на 3 јануари, за време на американскиот воен напад во Каракас. Досега, синот на сменетиот претседател, конгресменот Николас Мадуро Гера, објавуваше пораки од својот татко во кои уверуваше дека тој е „многу добро“ и дека е во „одлично расположение“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе