Царината пронашла околу 600 куршуми во автобус на компанијата „Дурмо турс“, кој сообраќал на релација Италија – Македонија. Претресот бил извршен на граничниот премин Табановце.
Муницијата била пронајдена во внатрешниот дел од вентилацискиот простор каде помеѓу 50 пакувања кафе цариниците пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел биле со 9 мм калибар.
Муницијата е трајно одземена, а автобусот е задржан.

Досега двајца осомничени се лишени од слобода, а Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово. Од кумановското Обвинителство соопштија дека е поведена истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост.
Истрагата може да се прошири и кон други лица.

