Вести Македонија Топ вести

Савески нема да коментира ничии изјави по политичките прозивки

Државниот обвинител Савески не ги коментира очекувањата кои вчера јавно му ги испорача премиерот Мицкоски – детално да информира како биле префрлани предметите на СЈО во редовното обвинителство за предметите со бонусите на СЈО и за 27 април. За тоа како се чувствува што на почеток на мандатот доби листа на предмети од премиероот одговори

„Нема да коментирам ничии изјави. Работата на Јавното обвинителство, на државниот обвинител и на секој јавен обвинител, надлежностите и обврските кои ги исполнуваат јавните обвинители произлегуваат од законските регулативи и тоа би било мојата изјава. Значи нема да коментирам ако ви е прашањето во врска со изјавата на било кој“, рече државниот обвинител Ненад Савески.

Откако премиерот вчера рече дека неколку стотици предмети се чуваат во фиока во обвинителството и се надева дека новиот обвинител ќе спроведе детална анализа. На прашањето за предметите во фиока, Савески одговори со контрапрашање.

„Очекувате да ги отворам фиоките на јавните обвинители. Значи прво нешто што направив беше средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, односно во план ми е да се сретнам со сите јавни обвинители“, одговори Савески.

Савески е помалку од 10 дена во најмоќната обвинителска фотеља, но уште од првиот ден кога го бираа во Собранието доби пораки од владеачкото мнозинство за тоа што очекуваат од него. Во фокусот беше расчистување со последиците од СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе