Полицијата го приведе 53-годишниот Ж.Г. од тетовското село Брвеница, осомничен за убиство на 76-годишен маж од Охрид, кој утрово бил пронајден мртов во својот дом.
„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по распишана централна потерница од СВР Охрид, го лишија од слобода Ж.Г. (53) од истото село, поради сомнение за кривично дело ‘убиство’ по член 123 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен утрово во 08:24 часот во СВР Охрид, кога во домот на улицата „Нада Филева“ билo пронајденo починатoто лице.
„На местото на настанот беше извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатираше смрт. По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција“, информираат од полицијата.
Осомничениот бил лоциран и приведен по преземени мерки и распишана потерница Истрагата продолжува.
Т.Д.
