Вести Македонија Топ вести

Предметите против полициските службеници за „Пулс“ останаа без обвинител

Три предмети за обвинетите полицајци за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ останаа без обвинител. Обвинителката која ги водеше истрагите не доби нов мандат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Ивана Алексова Трајчева беа само двајца членови на Советот на јавни обвинители, додека останатите беа против. Против неа се изјасни и новиот државен јавен обвинител Ненад Савески кој од друга страна смета дека не треба да има стагнирање во процесите. Сепак неизвесно е кој обвинител ќе ги преземе овие предмети во кои се обвинети вкупно 23 полицајци. Образложенито на советот беше дека треба да се даде шанса и на други обвинители.

Советот требаше да гласа за пет испразнети места во ова обвинитлество, но пополни четири. Ги изгласа Енѓелуше Леши Кадриу, Александар Маркоски, Ана Гоговска и Ана Стојковиќ. Сите, освен Кадриу која е од организиран криминал, доаѓаат од скопското обвинителство. За сите се гласаше речиси едногласно.

Советот на јавни обвинители на денешната седница не избра ниту Виш јавен обвинител на Скопје. Ниту еден од пријавените не го доби потребното мнозинство. Оставка од таа функција во декември си поднесе Мустафа Хајрулахи за кој има истраги за психичко малтретирање на вработени.

Инаку за местото на Хајрулахи беа пријавени обвинителката Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Јасмина Костеска Здравеска и Артан Ајро. Новоизбраниот државен обвинител Савески јавно ја поддржа само Костеска Здравеска, обвинителката за која во минатото јавноста можеше да слушне во разговорите од т.н. „бомби“ меѓу Мијалков и Јанкуловска, а нејзиниот сопруг беше меѓу обвинетите од СЈО во случајот „Моќниќ“ а од лани е член и на комисијата за заштита од дискриминација.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе