Вести Македонија Топ вести

Ќе се проверува кои клиники и доктори работеле незаконски

Министерството за здравство ќе проверува кои клиники и доктори незаконски стигнувале до плати над 10.0000 евра за што можат да сносат и кривична одговорност. Министерот Алиу рече дека веќе ги знаат и институционално ќе го решат проблемот, но со конкретни информации ќе излезат во претстојниот период затоа што во моментов не сака да загрози процес .

„Еве може проценти да ви кажам, институции нема да спомнам, дека има институции 33% над дозволеното, 41%, 26% над дозволеното, итн. Веќе имаме и имиња на институциите, имиња на здравствените работници, имиња на директори. Кој колку работи, колку пациенти. Сега, исто така, ќе бараме од приватните здравствени институции колку таму нашите вработени, колку во државните институции трошат време. И тоа е процес кој мора да се споредува и да бидам искрен процес кој има препреки, бидејќи со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци“, изјави министер за здравство,  Азир Алиу.

На вчерашната изјава на премиерот Мицкоски на собраниската говорница дека докторите коишто работеле деноноќно биле на некакви еликсири и затоа заработувале многу пари денес реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче забележувајќи дека е недолично универзитетски професор да дава изјави дека докторите работат на еликсир.

„Сакам да му кажам дека, Христијане за разлика од тебе што цел живот ништо не си работел, ние сме работеле и сме дежурале 24 часа и повеќе денови консекутивно во неделата и моите колеги имаат право со работа да заработат, затоа што ние не случајно ги зголемивме платите и дежурствата на лекарите за да имаат достоинствен живот“, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Во меѓувреме, министерот Алиу најави и користење на читачи на отпечаток на прст (фингерпринт) кои веќе беа тестирани во две клиники и истите ќе бидат воведни прво во Скопје а потоа низ целата држава за да може законски да се следи работата на докторите, затоа што како што спомена министерот Алиу има доктори кои прегледуваат само еден пациент неделно и доктори кои прегледуваат 100 пациенти неделно. Затоа мора да постои систем кој реално ќе го следи Министерството за здравство за да се реагира навреме.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе