Вести Македонија Топ вести

Шест волови од Македонија ја преминаа бугарската граница

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави БНТ.бг

Шесте волови ја преминале границата и на тој начин се нашле во ситуација да се одлучува за нив дали да бидат убиени, дали да им бидат вратени на своите сопственици во Македонија или да останат во Бугарија и да бидат пратени во банка за храна.

Животните биле забележани од градоначалникот на селото Ѓуешево, во близина на границата со  Македонија. За да ги фатат, службениците од општинското обезбедување во Ќустендил и Граничната полиција прво им дале седативи, а потоа ги транспортирале во привремен објект за одгледување животни.

Градоначалникот на општина Ќустендил Огњан Атанасов рече дека животните бие проверени и сите се здрави.

Две од животните имале ушни маркици, па така се покажало дека ушните маркици всушност се од Македонија.

Според европското законодавство, откако животно ќе влезе од земја надвор од Унијата, мора да биде убиено. Сепак, според Атанасов, еутаназијата може да се избегне, па сега се разгледуваат други опции – да се дадат во банка за храна или да се вратат назад.

Од одделот за заштита на животните во Ќустендил водат разговори со ветеринарните служби на Република Северна Македонија за враќање на животните.

Трошоците за животните според бугарските власти во моментов воопшто не се мали тие се над 2.000 евра и продолжуваат да растат со секој изминат ден.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе