Вести Свет Топ вести

Контроверзен случај на евтаназија во Шпанија

Со тешка траума, огорченост и траен инвалидитет живее 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос од Шпанија, која по свое двегодишно барање ќе биде евтаназирана. Нејзинита приказна ја крена цела Шпанија на нозе, како еден од најемотивните и најконтроверзни случаи во последниве години.

Во 2022 година кога таа живеела во во државниот центар за ранливи млади луѓе била жртва на брутален напад од банда, кој ја оставил истрауматизирана и со тешки последици. Потоа, таа се обидела да си го одземе својот живот скокајќи од петти спрат. Ноелија преживеала, но по падот останала парализирана од половината надолу, со што дополнително и се зголемиле физичките, но и психичките болки.

Нејзиното ментално здравје, исто така, значително се влошило, ѝ биле дијагностицирани состојби, вклучувајќи депресија, опсесивно компулсивно растројство и гранично растројство на личноста, што го влошило нејзиното страдање. Докторите по разгледување на нејзиниот случај заклучиле дека нејзината состојба ги исполнува законските критериуми. Нивната проценка ја зела предвид не само нејзината парализа, туку и нејзината постојана ментална болка. Во интервјуата, Ноелија отворено зборува за нејзината потреба за мир, изразувајќи желба да се стави крај на годините страдање.

Шпанија ја има легализирано евтаназијата во 2021 година, дозволувајќи асистирана смрт во случаи на сериозно и трајно страдање. Ноелија аплицирала за евтаназија во 2024 година, наведувајќи дека повеќе не може да ја издржи психичката и физичката болката. Нејзината одлука е оспорена од нејзиното семејство, а најмногу од татко и кој тврди дека таа може да се опорави со понатамошен третман. Шпанските медиуми пренесуваат дека мајката на Ноелија јавно зборувала за болката на нејзината ќерка која секојдневно ја сведочи, но и за тоа дека ако на Ноелија навистина и биде ододбрена евтаназијата, тоа ќе биде трагичен белег врз семејството кој ќе остане за цел живот.

Случајот на Ноелија досега поминал низ неколку нивоа на шпанскиот судски систем, кој потоа стигнал и до европските судови. Секоја пресуда го потврдила правото на Ноелија сама да донесе одлука. Правната борба траела речиси две години.

Приказната на Ноелија се прошири и на социјалните мрежи, каде огромен број на корисници преку коментари и објавувања изразија изразија гнев кон системот кој не успеал да ја заштити по нападот. Други пак, се прашуваа дали евтаназијата треба да се смета за решение во вакви случаи. Некои корисници на социјални мрежи го истакнаа фактот дека треба да се бара строга казна за оние што се одговорни за злосторството. Во исто време, многумина ја поддржаа нејзината одлука, тврдејќи дека никој не треба да биде принуден да живее низ неподносливо страдање.

Овој случај ја разгоре дебатата за тоа дали депресијата или психолошкото страдање некогаш треба да бидат примарна причина за евтаназија. Критичарите тврдат дека менталните болести можат да влијаат врз способноста за донесување одлуки, додека поддржувачите велат дека менталното страдање може да биде исто толку тешко и трајно како и физичката болка.

Додека Шпанија се подготвува за она што би можело да биде пресвртница според нејзиниот закон за евтаназија, приказната на Ноелија Кастиљо Рамос продолжува да ги предизвикува правните, етичките и општествените граници, оставајќи прашања на кои нема лесни одговори.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе