Вести Македонија Топ вести

СДСМ со нова програма и нови членови на раководството

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред Централниот одбор (ЦО) на партијата ја претставил новата предлог програма изработена од партиските стручни комисии. Централниот одбор, исто така, се прошири со нови членови, а партијата избра нов организациски секретар, секретар за меѓународна соработка и претседател на Градската организација Скопје.

На доработка на предлог програмата во наредниот период треба да работи целата партија, а процесот треба да заврши со усвојување на програмата на Конгресот кој треба да се одржи на 7 јуни.

Ден претходно ќе се одржи меѓународен состанок „Скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии со кои треба да биде потпишана заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот, најави Филипче во гостувањето во Топ тема.

„Јас денеска на Централниот одбор ја презентирам Предлог програмата за после тоа сите се вклучат во доработка. Оваа Предлог-програма доаѓа од стручните комисии во партијата и тој процес да заврши на 7 јуни со чисто програмски Конгрес на којшто Конгрес таа програма треба да се усвои. На тој Конгрес, на 6 јуни ќе му претходи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот на којшто потпишуваме заедничка Декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими, практично предизвици со кои сите наши сестрински партии, социјалистички и социјалдемократски се соочуваат“, рече Филипче во гостувањето во „Топ тема“.

Поранешниот директор на Македонски железници – Инфраструктура Зоран Трифуновски е предложен за организациски секретар на партија, а Централниот треба да го потврди Андреј Жерновски за секретар за меѓународна соработка.

Според информации на Телма, за нови членови на Централниот одбор се предлагаат професор Рубин Земон, партиската портпаролка Богданка Кузеска, економистката Тања Илиовска, поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Слободан Чокревски и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска.

Партиски извори претходно брифираа дека за член на ЦО се предлага и поранешниот потпретседател на Собранието од НСДП Иван Анастасовски, но за него нема официјална потврда.

Во изминатиот период партијата ја тресат и внатрешни потреси, откако дел од поранешни видни членови, како Јован Деспотовски и Петре Шилегов, го критикуваа актуелното раководство по поразот на изборите. Шилегов побара оставка од Филипче. Партијата ги обвини дека одработуваат за актуелната власт, а тие возвратија со контраобвинувања дека сегашното раководство одработува за владата. СДСМ почна постапка за нивно исклучување од партијата, но Филипче рече дека тоа нема да биде во фокусот на Централниот одбор.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе