Вести Македонија Топ вести

Продолжен домашниот притвор на Артан Груби- уште не дал исказ пред обвинител

На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во истрагата за злоупотребите во Државна Лотарија. Од скопскиот Кривичен суд потврдија дека по барање на обвинителството пред државниот празник, за Груби е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување.

Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо затворски притвор поради безбедносни закани, обвинителството бараше, а судот додели домашен притвор. Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Груби досега не дал исказ пред обвинител, а одбраната речиси заврши со разгледување на документацијата во предметот, ни рече неговиот адвокат Гоце Ристевски.

Поранешниот функционер, неколку дена пред да биде осомничен во декември 2024-тата беше ставен на американската црна листа заедно со судијата Енвер Беџети поради сомнежи за корупција во судски предмети и беше посочен предметот за Мијалков. Од обвинителството одговорија дека сомнежите од црната листа на САД се дел од предистрага во која е вклучено и Финасикото разузнавање.

Што се однесува на безбедносните закани кои му овозможија домашен притвор на Груби, постојат белешки од АНБ и МВР дека имало полициски сознанија за закани, но и разузнавачки информации за ангажирање на платени убијци од соседна држава во која потоа замина Груби од Македонија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе