Вести Македонија Топ вести

Која е жената чие безживотно тело беше пронајдено во близина на Зрновска река?

Која е жената чие тело во распаѓање беше пронајдено вчера во близина на Зрновска река и  кои се причините за смртта – истражните органи  чекаат одговори од Институтот за судска медицина каде од вчера  по наредба на обвинителството е телото за идентификација и обдукција.

Жената се уште не е идентификувана.  Неофицијално телото е пронајдено без глава и дел од екстремитетите. Анализите треба да покажат дали деловите од телото што недостасуваат се отсечени или пак по смртта животни го распарчиле телото.

Директорот на Институтот за судска медицина за Телма вели дека денеска треба да заврши обдукцијата по што резултатите ќе ги испратат до обвинителството. Без да открива детали за конкретниот случај, тој објаснува како најчесто се прави идентификација

„Кога имаме неидентификувано тело се опишиуваат сите белези, од операција и други белези , бемки, заби, висина, облека, накит, ако може се земаат отпечатоци од прсти и се зема матерјал за ДНК. Потоа се споредуваат овие податоци  со податоците за другите исчезнати лица кои ги дале пријавителите и доколку има совпаѓање се прави ДНК споредбена анализа“ – вели Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина.

Базата за исчезнати лица на МВР има 20-тина  жени чиј траг се губи последните 2 децении.

Жителите на Зрновци  вчера изјавија дека во нивното село нема пријавено исчезнат човек и за првпат се случува ваков настан. Вчера долж коритото на Зрновска река полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот за дополнитлени докази.

Лани во Штип,  беше пронајдено тело на 79 годишна жена закопано во дворот на Денис Асанов кому му се суди за убиство.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе